Лига на шампиони
Консеисао разочаран, одби да се поздрави со Инѕаги: Очекував повеќе од Интер

Екипата на Порто иако се трудеше не успеа да го матира Интер, па ремито без голови на „Драгао“ значеше елиминација за португалскиот преставник од Лигата на шампионите.
Домаќините притискаа особено во завршницата кога и среќата не беше на нивна страна, па крајниот епилог дефинитивни беше разочарувачки за нив.
-Очекував повеќе од Интер во двата натпревари, искрено, заради квалитетот што го има. Вчера реков дека Инѕаги прави добра работа, тој веќе донесе трофеи и има многу квалитетен тим, но мислам дека бевме многу подобри со оружјето што го имавме, -истакна тренерот Серџо Консеисао кој не се согласува со тоа дека неговата екипа требало порано да го нападне калчолигашот.
-Јас не се согласувам. Тимот не се исплаши. Налетавме на Интер кој играше во низок клок, играа на нашите грешки, обидувајќи се да го искористат празниот простор затоа што тие знаеја дека би сакале да постигнеме голови. Бевме избалансирани, освен во ситуациите во кои Интер успеваше да дојде до нашиот гол, тоа беше два или три пати. Чувствувам мешавина од гордост и огромни фрустрации. Не сум лут на никого и на ништо, фрустриран, тажен, затоа што се чувствувам исто како и овие 50.000 луѓе што беа на стадионот, илјадници кои останаа дома и играчите, -порача Консеисао кој одби да се поздрави со некогашниот колега од Лацио, Симоне Инѕаги.
Porto coach Sérgio Conceição refused to shake hands with his Inter counterpart Simone Inzaghi after a 0-0 draw at the Estadio do Dragao on Tuesday, which allowed the Nerazzurri to qualify for the Champions League quarter-finals. 🤝❌
[📸 Corriere dello Sport] pic.twitter.com/1ajmPNGJb5
— Football Italia (@footballitalia) March 15, 2023
-
АТПпред 14 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 11 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Англијапред 11 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 14 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 12 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)
-
НБАпред 14 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Светпред 13 часа
Поранешна ѕвезда на Манчестер Јунајтед заработи повреда која може да значи крај на кариерата