Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клоп со нетрпение ја очекува битката со Реал: Ова е вистински двобој од ЛШ, јасно е каква…

Објавено

на

Денеска беше извршена ждрепката за првата рунда од нокаут фазата на Лигата на шампионите, фаза во која ќе гледаме реприза на финалето од претходната сезона меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

Оваа битка заедно со онаа меѓу ПСЖ и Баерн Минхен дефинитивно привлекува најголемо внимание, па тренерот Јирген Клоп со нетрпение го очекува соочувањето со „кралевите“ кои во изминативе години му „украдоа“ два трофеи на германскиот стручњак.

-Ова е вистински двобој од ЛШ. Натпревари кои зборуваат сами за себе и на сите треба да ни биде драго што ќе се вклучиме во нив. Знам дека игравме со Реал Мадрид во две финалиња не многу одамна, но овие два клуба не се среќаваат често во нокаут фазата, па со нетрпение ги очекуваме. Реал има најмногу титули, но ниту нашата витрина не е празна. Освен тоа, сите на „Енфилд“ знаат колку ни значат овие натпревари. Задоволни сме. До средбите со Реал Мадрид остануваат уште неколку месеци, но веќе е јасно каква ќе биде атмосферата на двата стадиони, -искоментира Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни