Поврзете се со нас

Англија

Клоп очекува многу од еден свој играч: Не започна најдобро, но…

Објавено

на

Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп предвидува дека еден од играчите на клубот допрва ќе го покаже максимумот на зелените терени.

Станува збор за шпанскиот интернационалец, Тијаго Алкантара кој не се изнаигра по неговиот трансфер од Баерн Минхен пред точно една година.

29 годишниот фудбалер имаше бавен почеток на кариерата на „Енфилд“, но Клоп верува дека тоа ќе се поправи во следниот период.

– Допрва ќе покаже уште многу повеќе. Неговиот почеток не беше перфектен и секако дека таквото нешто секогаш ги отежнува работите. Но, сега веќе почна да покажува каков играч може и сакаме да биде за нас.

– Има навистина добар карактер и е добра личност и јасно е дека станува збор за играч од свестка класа, па не стравуваме за него. Да, мора да се адаптира на начинт на кој се браниме, но на крајот на краиштата ние сакаме тој да го игра својот природен фудбал по кој е и познат, -изјави Јирген Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни