Поврзете се со нас

Франција

Клаузулата во договорот на Нејмар прави невозможна мисија за ПСЖ! (Фото)

Објавено

на

ПСЖ се најде во ситуација да прави големи промени во овој летен преоден рок и во Париз веќе минато се Леонардо и тренерот Покетино, со тоа што овој вториот треба официјално да добие отказ и повторно да стане слободен агент со милионско обесштетување.

Претседателот Насер Ал Келаифи најави дека клубот е во напредни преговори за ангажман на Кристоф Галтие од Ница како наследник на Покетино, но веќе претходно беше потврдена замената за Леонардо, а тоа е искусниот фудбалски работник Кампос.

Задржувањето на Мбапе е најважната работа која ја заврши клубот на крајот од разочарувачката сезона, но покрај тоа што за ова лето се планирани неколку засилувања, во тек е прецизирање на план кој ќе го приближи Нејмар до заминување.

Целта на „светците“ е да се ослободат од Бразилецот и Ал Келаифи призна дека е можно такво сценарио, кое во реалност сепак изгледа невозможна мисија поради клаузулата која постои во договорот кој го потпиша пред само една година.

Како што открива „Лекип“, клаузулата во договорот на Нејмар прави неговата продажба да биде речиси невозможна, бидејќи според истата, договорот на Бразилецот автоматски се продолжува овој 1-ви јули.

На тој ден, договорот автоматски му се продолжува до 2027-ма година, а бидејќи самиот играч нема никаква намера да ја менува средината, во овој момент навистина изгледа нерезонски да се мисли дека Неј ќе си замине од „Паркот на принцовите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни