Поврзете се со нас

АТП

Кирјос повторно го „пецна“ Ѓоковиќ: Јас сум еден од ретките кои може да му отежнат

Објавено

на

Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос пред стартот на Вимблдон, неофицијалното тениско првенство кое започнува утре, упати нова провокација, овој пат доста поблага од претходните, на адреса на Новак Ѓоковиќ.

Кирјос кој веќе извесен период не се појавува често на големите турнири истакна дека би сакал да се сретне со српскиот тенисер затоа што таквиот натпревар би предизвикал спектакл.

Австралискиот тенисер без никаква лажна скромност порача дека иако немал доволно натпревари, тој бил еден од ретките тенисери кои би можеле да му направат проблем на Ѓоковиќ.

– Прилично е лудо што играв само два турнири во претходните две години, но и понатака сум еден од ретките кои може да му ја отежне работата на Ѓоковиќ. Тоа го сметам за благослов. Можам и да не играм, а луѓето пак да го бараат тој натпревари, Кирјос против Ѓоковиќ. Тоа покажува само колку носам на нашиот спорт, -порача Кирјос, а потоа истакна дека Ѓоковиќ со организирањето на тенискиот турнир „Адрија Тур“ само му одмогнал на овој спорт.

– Малку го изнервира спортот. Тој е Леброн Џејмс на тенисот, светски број еден и мора да е пример за сите. Мислам дека тоа што го направи не е најдобро за нашиот спорт, -изјави 26 годишниот тенисер кој на стартот на Вимблдон игра против Уго Хумберт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни