Поврзете се со нас

АТП

Кирјос одново го прозва Новак и излезе со свој заклучок: Ѓоковиќ и Надал не се ниту блиску до Федерер!

Објавено

на

Ник Кирјос лесно се пласираше во втората рунда на Австралија Опен, а соочувањето со новинарите го искористи за да испрати нова провокација до Новак Ѓоковиќ, но и да ја отвори вечната тема за тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња.

Австралискиот тенисер одново нагласи дека светскиот рекет број еден не може да биде добар пример надвор од теренот поради сето она што го прави во денови на пандемија, но исто така, не го ни смета за тенисер кој може да го загрози Рожер Федерер и да му го одземе приматот „најдобар на сите времиња“.

– Не можам да сфатам дека тој нема никаков респект кон мене, кога јас помагав за време на пандемијата и не заразив никого. Не можам да сфатам сериозно некој што во овие моменти на пандемија правеше забави без маски и играше без маица на себе, – изјави Кирјос по триумфот од 6:4, 6:4, 6:4 над Португалецот Фереира Силва.

Во продолжение, Кирјос уште еднаш нагласи дека е најголем симпатизер на играта која ја прикажува Рожер Федерер, заклучувајќи дека Ѓоковиќ и Надал не се ниту блиску до талентот кој го поседува швајцарскиот маестро.

– За мене најголем е Федерер и тоа нема да се промени. Неговиот талент е уникатен, тоа што тој го прави е уникатно. Ѓоковиќ и Надал не се ниту блиску до талентот и тениската убавина која ја има Федерер. Од друга страна, не може да се побие фактот дека Надал е најдоминантен на една подлога како што е земјената, па иако Федерер е најдобар од сите, Рафа е подобар од него во меѓусебните дуели, – додаде Кирјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни