Поврзете се со нас

АТП

Кирјос му испрати порака на Надал откако Рафа го предаде полуфиналето без борба (Фото)

Објавено

на

Рафаел Надал му овозможи на Ник Кирјос да сонува за прва грен слем титула во сингл конкуренција, откако поради повреда реши да го предаде полуфиналето на Вимблдон без борба.

Шпанскиот тенисер реши да се повлече од Вимблдон и со голема тага ја објасни оваа своја тешка одлука пред новинарите во Англија, која е производ на повредата која ја заработи во четвртфиналето против Фриц кое инаку го доби на херојски начин.

Рафа со пукнат мускул го доби тој меч и се пласираше во полуфиналето, но сепак нема да гледаме мега возбудлива пресметка против Кирјос и фановите ќе останат пократки за голем спектакл.

Разочарувањето е огромно и кај фановите на Надал и кај оние неутралните, а Кирјос покажа класа и му испрати охрабрувачка порака на Рафа по повод неговата повреда.

– Различни играчи, различни карактери. Рафа, се надевам дека твоето заздравување ќе пројде како што треба и дека набрзо ќе бидеш здрав. До следниот пат, – гласи џентлменската порака на Кирјос кој во финалето ќе го чека подобриот од дуелот Ѓоковиќ-Нори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни