Поврзете се со нас

Македонија

Кире Лазаров официјално се повлекол од РК Голден Арт КЛ7, клубот најави дека нема да го менува концептот

Објавено

на

Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 пред неколку дена објави дека нивните ракометари ќе бидат предводени од Никола Матлиески, а денеска свикаа медиумски брифинг на кој беа дадени одговори на повеќе актуелни прашања врзани за најмладиот клуб.

Претседателот на клубот, Сашко Даев, ги потврди шпекулациите дека од проектот се повлекол актуелниот македонски ракометен капитен и селектор, Кире Лазаров.

– Искрено ќе ви кажам дека не знам зошто е донесена таква одлука, сметам дека причините за тоа се во недостаток на комуникација. Доколку имало некаков проблем и тој не бил навремено искомунициран, можел да стане поголем. Но, ние кои се зафативме со работа во овој клуб, пред се сме луѓе кои раководат со претпријатија и сакавме да вратиме нешто назад на пошироката заедница. Рехау и Голден Арт се општествено одговорни компании и затоа ние решивме да продолжиме со овој клуб и да инвестираме во млади македонски ракометари, со желба да им обезбедиме беспрекорни услови за работа. Иако сакавме да обезбедиме опстанок во супер-лигата, тоа не беше примарна цел на клубот, – изјави Даев.

Нивниот клуб стана младински првак на Македонија и ќе продолжи да создава услови за работа на своите членови. Селекцијата во иднина нема да се одвива преку кампови, туку преку младинските категории на клубот.

– Сите ракометари со исклучок на Игор Ѓорѓиев имаат договор со клубот и се во нашите планови за новата сезона. Очекуваме од РФМ да ги посочи датумите за старт на првенствата и да ги направиме нашите планови за новата сезона. Наш успех ќе биде доколку клубот стане само одржлив, а ќе бидеме горди ако нашите ракометар бидат предмет на интерес на големите екипи или на репрезентативните селекции,- додаде Даев.

Во клубот остануваат и Горан Ѓоргоновски и Милчо Чакарески, а се очекува новото име на клубот неофицијално да биде само „Голден арт“. Барање за изземање на делот „КЛ7“ е добиено преку правните застапници на Лазаров, кој се уште е 25% сопственик на оваа екипа која функционира како акционерско друштво.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни