Поврзете се со нас

Англија

Кикс на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, Вест Хем обезбеди опстанок (Видео)

Објавено

на

Екипата на Манчестер Јунајтед пропушти шанса дополнително да се доближи до пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

„Ѓаволите“ на својот терен ремизираа со Вест Хем (1:1) и за кратко се искачија на третата позиција на табелата со ист број бодови колку Челси.

Микел Антонио го отвори резултатот во финишот од првото полувреме кога од белата точка го матираше Давид Де Хеа.

Резултатот го израмни младиот Мејсон Гринвуд кој одлично се снајде во шеснаесетникот на Вест Хем во второто полувреме и го матираше Фабијански.

Сега на избраниците на Оле Гунар Солскјер ќе им треба само реми во последниот натпревар против Лестер за и дефинитивно да го обезбедат настапот во Лигата на шампионите следната сезона.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни