Поврзете се со нас

Англија

Кејн нема да бара трансфер, но ќе побара од Леви да ги разгледа понудите за негово заминување

Објавено

на

Како што стојат работите, голема е веројатноста најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хари Кејн да си замине од клубот по крајот на оваа сезона.

„Петлите“ се соочуваат со уште една сушна година во која резултатите се далеку под просекот, нешто што играч од светски калибар како Кејн не може да си го дозволи.

Англичанецот сака постојано да е во конкуренција за освојување на титули и веќе бил свесен дека доколку остане во Тотенхем и следните години можеби воопшто нема да освои клупска титула во својатакариера.

Токму затоа, како што пишува „Сан“ тој нема да бара да биде ставен на трансфер листа, но ќе побара од Даниел Леви да ги слуша понудите кои ќе стигнат на адреса на Тотенхем за неговите услуги.

Се верува дека клубовите од Манчестер најмногу ќе притискаат за анагажман на англискиот напаѓач за кого Манчестер Јунајтед веќе подготвил 90 милиони фунти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни