Поврзете се со нас

Германија

Кеита предизвикал скандал во Вердер пред историскиот меч со Леверкузен: Ќе мора да сноси последици

Објавено

на

Foto:twitter.com/werderbremen

Наби Кеита пристигна како големо засилување за Ливерпул во 2018-та година и на негов трансфер посебно инсистираше Јирген Клоп, но вложените 60 милиони евра на крајот не донесоа резултат како што многумина очекуваа.

Кариерата на Кеита на „Енфилд“ беше одбележана од разноразни повреди и сложени здравствени проблеми, па минатово лето како слободен агент се врати во лигата во која блесна на европската мапа.

Кеита игра за Вердер Бремен и собра само пет настапи поради низа мускулни повреди, но вчера режирал вистински скандал пред историскиот меч со Баер Леверкузен и клубот најави дека поради непрофесионалното однесување ќе сноси последици.

Наби доста лошо ја прифатил одлуката на тренерот околу стартната постава, па откако разбрал дека нема да биде во почетните 11, наместо да се качи во автобусот, си заминал дома.

– Наби Кеита дозна дека нема да игра против Леверкузен од првата минута и поради тоа не се качи во клупскиот автобус. Наместо да биде со соиграчите, си замина дома. Ќе разговараме со Кеита и неговите менаџери за последиците кои ќе мора да ги сноси. Ќе видиме како ќе продолжиме после ова, – открил спортскиот директор на Вердер, Клеменс Фриц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни