Поврзете се со нас

НБА

Кари и Вигинс го „изрешетаа“ Орландо, Јокиќ го надмина легендарниот Бирд (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс прередија вистинско шоу и без никакви проблеми го потврдија статусот на фаворити во пресметката против Орландо Меџик која ја добија со 126-105.

Домаќините беа разиграни, ги добија во својата полза три од четирите четвртини со тоа што најефекасни, ефективни на паркетот беа во третиот период кој го реализираа со 34-18. Во прв план беа Кари и Вигинс, првиот даде седум, вториот осум тројки или вкупно заедно искомбинираа 59 кошеви.

Ова за „воините“ беше 20 славје во 24 место со што се на делба на првото место на Западот со Феникс Санс.

Никола Јокиќ даде 17 поени кои ги дополни со 12 скока и 15 асистенции, но и ова не беше доволно за Денвер Нагетс да оствари позитивен резултат на гостувањето кај Чикаго Булс (109-97).

Ако е за утеха на Србинот со оваа партија тој продолжи да пишува историја, го надмина легендарниот Лери Бирд на вечната листа по трипл-дабл учиноци во регуларниот дел и сега е на осмото место на вечната листа.

Кога се во прашање стрелците број еден беше „бикот“ Лавин со 32 кошеви.

Резултати:
Шарлот – Филаделфија 124:127 (прод.)
Детроит – Оклахома 103:114
Индијана – Вашингтон 116:110
Мајами – Мемфис 90:105
Чикаго – Денвер 109:97
Милвоки – Кливленд 112:104
Миносота – Атланта 110:121
Финикс – Сан Антонио 108:104
Голден Стејт – Орландо 126:95
Портланд – ЛА Клиперс 90:102

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни