Поврзете се со нас

НБА

Кари и Голден Стејт најдоа решение за Филаделфија, Куминга го испрати Ембид во соблекувална (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/warriors

Стеф Кари го предводеше Голден Стејт со 37 поени во победата над Филаделфија, екипа која во финишот мораше да игра без својата прва ѕвезда, Џоел Ембид.

Ембид сезонава пропушти многу натпревари поради проблемот со коленото, а утринава доби дополнителен проблем откако Џонатан Куминга падна врз неговата нога. Центарот на Филаделфија се виткаше од боли на паркетот и беше испратен во соблекувална, па го заврши натпреварот со 14 поени.

Куминга и Вигинс со 26 и 23 поени биле најдобра поддршка за Кари, додека Херис со 26 поени бил најдобар реализатор кај гостите.

Л.А Лејкерс врзаа два пораза по ред, а по тој во Хјустон, утринава загубија со двоцифрена разлика и од Атланта. Јанг и Мареј ги предводеле домаќините до важен триумф, а во гостинскиот тим недостасувал Ентони Дејвис.

Бостон си ја зацврсти првата позиција на табелата со триумф против Индијана, во кој Тејтум бил најефикасен со 30 поени.

Њујорк – Јута 118:103
Бостон – Индијана 129:124
Атланта – Л.А Лејкерс 138:122
Чикаго – Торонто 107:118
Голден Стејт – Филаделфија 119:107

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни