Поврзете се со нас

Франција

Капитенот на ПСЖ за лошата партија на Мбапе: Ќе се прикаже во најдобро светло во Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Чави Ернандес беше воодушевен од добрата тактичка поставеност на неговите играчи во Париз и победата од 2:3 му носи одличен резултат за реваншот, но посебно импресионираше фактот како неговата одбрана успеа да го неутрализира Килијан Мбапе.

Првата ѕвезда на ПСЖ беше неприметна и имаше моменти кога навистина изгледаше фрустрирано на теренот, а свесни за тоа се и неговите соиграчи.

Чави самиот нагласи дека неговиот тим сам си помогнал со фактот што го исфрлил Мбапе од колосек, но Маркињос не верува дека Килијан ќе одигра два меча во низа на такво лошо ниво.

– Сигурен сум дека Мбапе ќе биде подобар во Барселона. Тој е првиот кој е самокритичен и кој веќе мисли како ќе се пласираме во полуфиналето. Тој е многу важен играч за нас и тој ја прави разликата. Сигурен сум дека ќе се прикаже во најдобро светло на реваншот во Барселона.

– Барселона беше поодлучна од нас во најважните моменти и затоа победи. Гледавме отворен меч и верувам дека така ќе биде и во Барселона. Сигурен сум дека сите фудбалски фанови уживаа во претставата која ја понудивме, – изјави капитенот Маркињос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни