Поврзете се со нас

Франција

Капитенот на ПСЖ: Време е да ги затвориме устите

Објавено

на

Пари Сен Жермен го доживеа првиот посериозен удар во оваа сезона и тоа во Купот на Франција каде беа елиминирани од лутиот ривал Олимпик Марсеј.

Домаќините славеа на преполниот „Велодром“ со 2-1 и тоа со головите на Санчез и Малиновски. Ваквиот резултат, епилог донесе разочарување кај „светците“, па капитенот Маркињос ја искористи оваа прилика да испрати јасна, директна порака пред предизвииците кои престојат од кои секако се издвојува двомечот со Баерн Минхен во осминафиналето на Лигата на шампините.

-Знаевме дека противникот ќе има сериозен пресинг, ама ние не успеавме да се справиме. Направивме грешки кои скапо не чинеа. Ова е пораз кој боли затоа што е против директен конкурент. Треба да бидеме подобри, да продолжиме да работиме затоа што пропуштивме некои работи во играта. И време е да ги затвориме устите. Ако сакаме да постигнеме нешто големо оваа сезона, треба да бидеме посилни. Ние сме разочарани, -порача дефанзивецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни