Поврзете се со нас

Италија

Капитенот на Џенова за Пандев: Ти се легенда, ти благодарам за се што ме научи

Објавено

на

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев нема повеќе да го носи дресот на Џенова и во наредните месеци ќе биде дел од Парма.

Оваа вест се појави вчера и истата беше потврдена што беше големо изненадување затоа што сите очекуваа популарниот Гоче токму тука да стави крај на својата кариерата. Меѓутоа во фудбалот никогаш ништо не се знае и уште еден пример за тоа е Пандев кој пак сега ќе биде соиграч заедно со славниот Џанлуџи Буфон.

Од таборот на Џенова веќе се збогуваа со поранешниот македонски репрезентативец, а тоа со искрена порака го направи и капитенот на екипата Доменико Кришито кој на социјалните мрежи напиша:

-Сакам само да ти си заблагодарам за се што ме научи на и надвор од теренот. Ти си легенда за мене. Со среќа пријателе, ќе ни недостасуваш, -напиша искусниот дефанзивец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни