Поврзете се со нас

Италија

Капело: Сите зборуваат за Дибала, но тој не е клучното засилување за Рома

Објавено

на

Фабио Капело има само позитивни фудбалски зборови за Пауло Дибала и новиот изглед на Рома пред стартот на новата сезона, но сепак смета дека Жозе Мурињо добил едно поважно засилување од Аргентинецот во овој летен преоден рок.

Легендарниот Дон Фабио се радува што Рома се враќа со голем ентузијазам и најавува уште поизедначена сезона во Серија А, а истовремено прогнозира дека Немања Матиќ ќе биде најважното засилување за тимот на Жозе Мурињо.

– Ова ќе биде навистина возбудлива сезона во Серија А, натпреварувањето е уште повеќе изедначено и избалансирано од лани. Рома сега е поблиску до најдобрите тимови во Лигата, особено после преодниот рок.

– Секако дека ми се допаѓа Дибала, сите зборуваат за него, но сметам дека клучно засилување е она во средината, Немања Матиќ. Тој е импресивен, малкумина можат да доминираат на средината како него.

Интересно за Рома е што двајцата пристигнаа во редовите на „волчицата“ како слободни агенти, односно клубот ги искористи конекциите на Мурињо за да добие две супер-засилувања без да исплати едно евро во касата на друг клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни