Поврзете се со нас

Репрезентација

Кадетите го решија Косово и се пласираа на ЕП

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Македонската ракометна репрезентација до 18 години ја оствари цела и се пласираше на Европското првенство кое ќе се одржи во Црна Гора.

Нашите надежи билетот за континенталниот собир го заверија со триумф над Косово од 33-24 во салата во Автокоманда. Избраниците на Наум Танески ја преземаа контролата на играта и резултатот во втората половина на првиот дел и на пауза заминаа со предност од 15:11. Водени од таа енергија, самодоверба ја завршија започнатата работа во второто полувреме и со триумф од девет голови разлика обезбедија место на европскиот шампионат.

Ова за Македонија беше втор триумф во групата по оној над Словачка, најефикасен беше Пецаноски со осум погодоци, Петрески пак имаше шест реализации.

Покрај македонските ракометари пласман на ЕП од оваа група обезбеди и Швајцарија која турнирот во Скопје го заврши со перфектни „три од три“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни