Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ блескаше, но Гордон со монструозно забивање го реши победникот во продолжението (Видео)

Објавено

на

Божиќната ноќ во НБА лигата донесе голема возбуда и интересни натпревари, но убедливо најтесен беше оној што се одигра во „Бол арената“ каде имаше и дополнителна игра од судијата.

Денвер и Феникс не го решија победникот во регуларните четири четртини и играа продолжение, во кое видовме и еден страшен потег од страна на Арон Гордон.

Центарот беше втор најдобар поентер во редовите на Денвер, но се погрижи да стане и кандидат за најбрутално и најдобро забивање во НБА сезоната.

Гордон се залета, го претрча речиси цел терен и полета во воздух за предност од плус три на Денвер, која се покажа како клучна за завршна победа од (128:125).

Арон го заврши мечот со 28 поени зад своето име, додека најмногу блескаше Никола Јокиќ кој имаше МВП издание со 41 поени, 15 скокови и 15 асистенции.

На останатите два меча, Голден Стејт беше подобар од Мемфис со 123:109, додека Бостон го доби дербито со Милвоки (139:118).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни