Поврзете се со нас

Одбојка

Јанта Волеј Форца: Легендарниот Вања Грбиќ ќе им одржи предвање на тренерите и младите одбојкар(к)и

Објавено

на

Јанта Волеј Форца од Скопје во корелација со Одбојкарската Федерација на Македонија ја продолжува соработката со одбојкарската легенда од Србија, Владимир Вања Грбиќ.

Познатиот Вања е освојувач на златен олимписки медал, член на Куќата на Славните и претставник од Светската одбојкарска федерација (FIVB) за развој на одбојката, а е посебно активен и со работа со млади и деца со посебни потреби. Тој секоја година е организатор на интернационален одбојкарски камп, каде земаат учество околу 1000 деца во 5 смени собрани од сите континенти, па во таа насока, сега ќе одржи вебинар во овие тешки и неизвесни денови.

Неговото долгогодишно искуство работејки со оваа категорија на млади одбојкари/ки сакаме да го презентира на одбојкарските тренери во Македонија и родителите чии деца тренираат одбојка. Поради настанатата ситуација со пандемијата и неможноста да се одржи семинар во живо ќе се направи предавање на ден 04.06.2020 (Четврток) од 19:00h, на кое можат да се приклучат бесплатно сите заинтересирани.

ТЕМА: Работа со деца, степен на оптеретување и основни принципи за цел на детското здравје и правилен развој.

За успешно, коректно и правовремено вклучување на сите заинтересирани потребно е истите да се пријават со име, презиме и телефонски број на [email protected].

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни