Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Итуралде Гонзалес за црвениот картон на Араухо: Тоа не беше ниту фаул…(ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона го загуби реваншот со Пари Сен Жермен (4-1) и со тоа остана без билет за полуфиналето на Лигата на шампионите.

Каталонците имаа се во свои раце, славеа во првиот дуел со 3-2, поведоа на „Монжуик“ со 1-0, но потоа се случи директниот црвен картон на Роналд Араухо во 30 минута.

Уругваецот беше во дуел со Баркола, а судијата Ковач се реши да го исклучи дефанзивецот, момент кој целосно ги промени работите во Каталонија. Таа одлука на Романецот донесе реакции кај Барселона, тренерот Чави Ернандес беше незадоволен и тоа јасно го покажа, искажа на крајот на натпреварот, а дека арбитарот можеби донел погрешка одлука говори коментарот на поранешниот елитен шпански судија, Едуардо Итуралде Гонзалес.

-Тоа не е ни фаул. Се фрла играчот на ПСЖ, Баркола се фрла. ВАР не се јави затоа што од таму сметаат дека е добра, тие ја потврдија одлуката на Ковач, -порачал Гонзалес.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни