Поврзете се со нас

Европски првенства

Италијанскиот стопер ја посака Португалија за противник: Роналдо е полесен за чување од Лукаку

Објавено

на

Франческо Ачерби одлично го менува повредениот Џорџо Кјелини во срцето на одбраната на Италија и вчера одигра 120 минути против Австрија на мечот кој „аѕурите“ го добија во продолженијата, а како селекција која сега мирно го чека својот ривал во четвртфиналето на Европското првенство, играчите на Манчини почнаа да бираат за тоа против кого ќе играат во оваа фаза.

Италија ќе игра против подобриот од вечерашниот дуел меѓу Португалија и Белгија кој се игра во Севилја, но Ачерби беше максимално искрен во изјава за домашните медиуми и порача дека претпочита да игра со Португалците.

Стоперот на Лацио смета дека ќе биде доста полесно да се чува Кристијано Роналдо, отколку Ромелу Лукаку поради специфичниот стил на игра и моќта која ја има во дуелите еден на еден.

– Ако треба да бирам, подобро да го избегнеме Лукаку. Тој е комплетен играч, исто како и Роналдо. Сепак, како централен напаѓач, Лукаку е потежок за чување бидејќи сега е физички посилен, има поголема сила.

– Роналдо исто така игра како класичен напаѓач во последно време, но сметам дека е полесно да се справите со него отколку со Лукаку, – вели Ачерби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни