Поврзете се со нас

НБА

Ирвинг: Изгубив 100 милиони долари зошто не сакав да се вакцинирам!

Објавено

на

Кајри Ирвинг е една од најголемите НБА ѕвезди, но тој негов статус не му помогна во периодот кој е веќе зад нас, периодот во кој тој одбиваше да се вакцинира поради корона вирусот.

Ѕвездата на Бруклин Нетс беше одлучен, цврст во своите ставови и поради правилата не играше на доста мечеви за „мрежичките“, односно ја плати цената за тоа што не беше вакциниран. Сега ситуацијата е поинаква и може во целост да му помага на Бруклин, а во целата оваа приказна тој открива дека останал без 100 милиони долари.

-Решив да не ја примам вакцината и останав без четиригодишен договор кој вредеше повеќе од 100 милиони долари. Имав понуда да се вакцинирам и да потпишам договор или да не го направам тоа и да ја ризикувам иднината во овој клуб и во НБА. Се соочив со губење на работата поради таа одлука. Не ми беше лесно додека се обидам да обезбедам иднина за моето семејство, -истакна популарниот чичко Дру.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни