Поврзете се со нас

Светски првенства

Иран победи на драматичен начин, Вујовиќ нема да се откаже од ракометот

Објавено

на

Foto:rkvardar.mk

Веселин Вујовиќ го отвори со победа ракометниот мундијал кој се одржува во Полска и Шведска, откако неговиот Иран го доби трилерот со селекцијата на Чиле.

Иран речиси цел меч водеше и одржуваше контрола на резултатот, но влезе во црна серија на отворањето на завршните десет минути од мечот, по што Чиле отиде на плус три (23:20).

Вујо повика тајм-аут и после тоа Иран направи серија од 4:0, а на крајот во доста тесен финиш успеа да победи со 25:24 и уште сега да си обезбеди место во следната фаза на Светското првенство.

Ова е добра вест за искусниот Вујо, кој пред натпреварот најави дека ќе се откаже од ракометот и ќе се посвети на риболов доколку не го победи Чиле.

– Кога го гледам Чиле и кога гледам што може мојот тим, си го велам следното: Ако стварно не го добиеме Чиле, можам полека да ја завршувам кариерата, ќе преминам на ловење риби. Чиле е на големите турнири во последните седум или осум наврати, но со цела почит кон нив, сметам дека можеме и мораме да ги победиме. Таа победа би не однела во главната рунда, – изјави Вујовиќ претходно во интервјуто за „Спортски Журнал“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни