Поврзете се со нас

Италија

Интер ќе претрпи големи промени во тимот, двоцифрен број играчи на излезни врати од „Меаца“

Објавено

на

Тимот на Интер ќе претрпи сериозни промени во летниот преоден рок во кој управата на клубот ќе се обиде да склопи што е можно подобар состав кој ќе се обиде да го врати Скудетото во своите витрини.

Медиумите во Италија пренесуваат дека Интер пред да донесе неколку засилувања, прво би можел да се откаже од дузина свои играчи.

Првичните информации говорат дека двоцифрен број фудбалери би можеле да си заминат од Милано во летниот преоден рок.

Најзвучни имиња се Милан Шкриниар кој се поврзува со ПСЖ, Един Џеко кој ќе биде вишок во тимот по пристигнувањето на Ромелу Лукаку, како и чилеанскиот пар Алексис Санчез и Артуро Видал.

Клубот сигурно го напушта Себастијано Еспозито, а одврзани раце за потрага по нова средина ќе имаат и Стефано Сенси, Андреа Пинамонти, Лоренцо Пирола, Валентино ЛАзаро, Далбер и Јонут Раду.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни