Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Интер ја „кутна“ Барселона на „Џузепе Меаца“, Елмас и Наполи го посрамотија Ајакс во Амстердам (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Интер славеа над Барселона со 1-0 во дербито на вечерта во Лигата на шампионите.

Италијанскиот вицешампион успеа да ја затресе мрежата на Тер Штеген во судиското продолжение на првото полувреме (1-0), предност која се реши да ја брани во вторите 45 минути што и на крајот го направи.

Гостите дадоа гол во 67 минута, ама беше поништен поради игра со рака на Фати за да во самиот финиш дојде до една спорна ситуација во казнениот простор на домаќините, но Винчиќ или поточно неговите колеги од ВАР собата проценија дека немало игра со рака на Дамфрис.

Наполи на Елиф Елмас ја забележа највисоката победа и тоа среде Амстердам каде го нокаутира Ајакс со 6-1. Интересно е тоа што холандскиот првак го отвори резултат, ама потоа Распадори, Ди Лоренцо, Зелински, Распадори, Кварацхелија и Симоне до врв ја наполнат мрежата на Пасвер.

Наполитанците имаат три од три во оваа група во која Ливерпул беше подобар од Ренџерс со 2-0 со головите на Арнолд и Салах.

Бриж го изненади Атлеикот Мадрид (2-0), Франкфурт и Тотенхем одиграа без бодови, додека Порто славеше над Леверкузен со 2-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни