Поврзете се со нас

Франција

Инсајдерот Балаг ги соочи фановите на Барселона со реалната ситуација со Меси

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Враќањето на Лионел Меси во Барселона би било идеално сценарио за клубот и пред се за навивачите на шпанскиот клуб, но од сите страни стигнуваат информации дека оваа варијанта е нереална.

Јасно е дека Аргентинецот ќе го напушти ПСЖ како слободен агент, но Меси во моментов очигледно е поблиску до Саудиска Арабија, отколку до Каталонија.

Тоа го потврди и угледниот аналитичар и инсајдер, Гилјем Балаг, кој во својот коментар за „Би-Би-Си“ не остава многу надеж за навичите на Барса.

– Меси ќе ја донесе конечната одлука за следниот тим наредниве денови, а единствено што е сигурно е дека тоа нема да биде Барселона, – вели Балаг.

– Лео најмногу од се би сакал да се врати на местото каде израсна, но неговите најблиски соработници веќе и порачале на Барселона дека одлуката мора да биде донесена веднаш и нема да ја чекаат понудата која никогаш не е испратена.

– Истовремено, Барселона ја активираше својата медиумска машина, која наметнува заклучок дека трансферот нема да биде реализиран само по вина на фудбалерот и Ла Лига. Наместо да ја признае реалната ситуација и немоќ да реализира ваква опција, Барселона се обидува да ја убеди јавноста дека неуморно работи на реализација на враќањето на Меси, – тврди Балаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни