Македонија
Илиев ја продолжи соработката со Голден Арт, се враќа и Рајатоски
Ракометниот клуб Голден Арт објави дека ги затворил прашањата за играчкиот состав во сезоната 2022/23 официјализирајќи два договори со „ново-стари“ играчи.
Искусниот велешанец, Ивица Илиев, кој минатата година се пресели во РК Голден Арт со репутација на голем стрелец, комплетно ја оправда довербата на раководството, па двете страни се договорија за продолжување на соработката до јуни 2023 година.
Со ова Илиев ќе биде на располагање на тренерот Никола Матлиески уште една сезона, откако минатата година постигна вкупно 179 погодоци на 25 натпревари и го предводеше тимот за пласман во Суперлигата.
Пеце Рајатоски мината година ја стартуваше во Голден Арт, од каде пред завршување на есенската полусезона направи трансфер во Германија, но сега повторно доаѓа во „старото јато“.
Илиев ја комплетира левата бековска позиција на Голден Арт, заедно со Христијан Милошески, Тони Јакиќ и Андрија Мандиќ, додека Рајатоски кој може да одговори на двете позиции на десната страна, минутажа ќе дели со Дејан Гошевски и Мице Шилегов.
Со официјализирање на трансферот на Илиев и Рајатоски, тимот од Општина Аеродром го затвори играчкиот состав и во следниот период, пред стартот на првенството, ќе се подготвува на физички и техничко-тактички план, а до самиот старт на првенството предвидени се неколку подготвителни натпревари.
-
Светски првенства15 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Шпанија11 часа
Ендрик и Валверде воодушевија со два „проектили“, Реал потешко од очекувањата до четвртфиналето во Купот (Видео)
-
ВТА16 часа
Тенисот доби женска верзија на Медведев: Можете да ми го бакнете задникот… (Видео)
-
Свет24 часа
Уште еден Македонец може да заврши на островот: Атанасов интересен за клуб од Шкотска
-
Англија13 часа
Јунајтед беше во нокаут до 82. минута, Диало спречи срам на „Олд Трафорд“ со хет-трик за паметење (Видео)
-
Шпанија14 часа
Навивачите на „Бернабеу“ со брутален пречек за еден стартер на Анчелоти: Го исвиркуваат секој негов допир со топката (Видео)
-
Англија22 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Свет24 часа
Нејмар се подготвува за преселба во МЛС лигата, три клуба се во игра