Поврзете се со нас

Свет

Игуаин за неприродните 15 години и мрачните искуства: Луѓето мислат дека фудбалскиот живот е лесен, но….

Објавено

на

Гонзало Игуаин фудбалски се пронајде во МЛС лигата и вели дека ужива во играњето во Америка, нешто што не го доживеал цели претходни 15 години во Европа и како дел од аргентинската фудбалска репрезентација.

Аргентинскиот напаѓач беше еден од првите кој го прифатија предизвикот да го засилат Интер Мајами и ужива статус на голема фудбалска ѕвезда во Америка, што за него е многу подобро чувство од она во Европа и Јужна Америка.

Игуаин потенцира дека фудбалскиот живот му донел многу стресови и тензични моменти во изминатите 15 години, па затоа се обидува да им објасни на обичните луѓе дека не е се така розево и убаво во елитниот и професионален фудбал.

– Јас тврдам дека имав неприродни 15 години. Преживеав неприродни 15 години во фудбалот. Луѓето мислат дека ние имаме лесен и среден живот, но тоа воопшто не е така. Го немаме истото право како обичните луѓе кога одиме на улица, не навредуваат и не може да реагирате, бидејќи ако го направите тоа, ќе платите двојно.

– Ако загубите натпревар и не дадете гол, не може да излезете на улица. Ова е спорт и ова е само работа, не треба да се прават забуни. За мене изгледа како голема неправда што 15 години бев дел од елитата и тоа што никогаш не можев да возвратам кога ме навредуваа и кога покажуваа непочитување кон мене. Затоа сега уживам тука, ова се најдобрите моменти во мојот живот, – вели Игуаин за „Тик Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни