Поврзете се со нас

Свет

Игуаин го спореди своето искуство со она на Мартинез: Не сакам да сум во кожата на Лаутаро

Објавено

на

Во ексклузивното интервју кое го направи за „Тик Спортс“, Гонзало Игуаин нагласи дека веднаш би поптишал лист хартија на кој ќе пишува дека одново би остварил барем 10 проценти од она што тој го оствари во кариерата, но покрај ова, говореше и за својот талентиран сонародник од кого се очекува во иднина да биде лидер во нападот на „гаучосите“.

Лаутаро Мартинез бележи стратосферски напредок и ги оствари сите очекувања во Интер, но многумина сметаат дека сега му е потребен нов чекор во кариерата, односно трансфер во клуб од енормен размер.

Таков сигурно е Барселона која веќе подолго време го следи аргентинскиот голгетер, а Игуаин беше искрен и нагласи дека на напаѓачот на Интер ќе му биде тешко да каже „НЕ“ на таква понуда.

– Тоа е доста комплицирано. Мене на 18 години ми дојде Реал Мадрид и што можев друго да кажам. Тој секако се наоѓа во доста комплицирана ситуација.

– Не сакам да дадам точно мислење за да не предизвика дополнителни полемики, но кога те Бара Барселона, а таму уште е Меси…. Искрено, не сакам да бидам во негова кожа, многу е тешко да каже „НЕ“. Сепак, оставам на него да ја донесе одлуката која смета дкеа е најдобра за развојот на кариерата, – завршува Гонзало.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни