Поврзете се со нас

Англија

Играчот со најдолг стаж во Челси за отказот на Лампард: Се е подобро со Тухел

Објавено

на

Цесар Аспиликуета e фудбалерот со убедливо најдолг стаж во Челси и како таков ја носи капитенската лента во првиот тим на „сините“, а сега во пресрет на големото дерби против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, направи едно искрено интервју со домашен медиум од Шпанија.

Искусниот дефанзивец се врати во стартната постава на Челси со пристигнувањето на Томас Тухел на клупата, па со оглед на тоа што менаџерската смена влијаеше позитивно врз тимот, Аспиликуета вели дека тој и неговите соиграчи со многу поголема самодоверба влегуваат во двомечот со Атлетико, отколку во периодот од пред шест седмици.

– Пред шест седмици, ние бевме далеку од најдобрата форма. Со Тухел се се подобри, навистина сме многу подобри на теренот. Тимот подобро се чувствува на теренот, а сега на ред е Лигата на шампионите.

– Ја вративме потребната солидност во тимот, ни создаваат помалку шанси за гол, а има и голема промена. Со новиот менаџер, ние се обидуваме да го контролираме натпреварот со топката во нозе, но и без посед со силен пресинг, – порачува Аспиликуета за „Мундо Депортиво“ и додава.

– Со Лампард, резултатите на крајот не беа доволно добри. Лампард беше легенда како играч, бев доволно среќен да ја делам соблекувалната со него, а потоа ми беше и тренер. Сепак, Роман Абрамович процени дека треба промена и тука јас не можам ништо да променам. Како фудбалер кој беше навикнат да игра, ми беше тешко што не бев често на теренот со Лампард, но се обидував да му помогнам на тимот од страна. Тоа не беше посакувано сценарио за мене, но ја почитував одлуката на Лампард, – вели Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни