Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Играчот кој се претвори во жива легенда на ПСЖ призна: Одев на терапии по поразот од Барселона

Објавено

на

Барселона долги години ја нема освоено титулата во Лигата на шампионите, но од последните години во кои не се оствари голем успех, посебно во сеќавање на фановите ќе остане неверојатниот пресврт против ПСЖ во 2017-та година.

Каталонскиот великан одигра ужасен меч на „Паркот на принцовите“ и беше попарен со резултат 4:0, па иако многумина го видоа ПСЖ во наредната нокаут рунда во Лигата на шампионите, до тоа не дојде благодарение на чудото на „Камп Ноу“.

Во еден неверојатен натпревар со страшно драматичен финиш, Барселона постигна три гола од 88-та до 95-та минута и со победата од 6:1 му го нанесе најтешкиот пораз на ПСЖ во елитното натпреварување.

Елиминацијата донесе голем потрес во редовите на францускиот првак во тој период, а неколку години подоцна, Единсон Кавани открива дека завршил на терапии со психолог.

– Првпат завршив на терапии кај психолог по пресвртот кој ни го направи Барселона. Тоа многу ме погоди, едноставно има работи кои ја преливаат чашата. Во пет минути ни се урна се што градевме на два натпревари. Тоа беше до толку силен удар за мене, што не можев да ги контролирам емоциите. Иако станува збор само за фудбал, тоа се пренесува и на приватниот живот и на фудбалерот како личност. Имав панични напади, имав ладна пот и се онесвестував додека спиев. После тоа, имав страв да легнам да спијам и морав да побарам помош, – открива Кавани во интервјуто за „Релево“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни