Поврзете се со нас

Франција

Играчите на Лориен го шокираа ПСЖ и ги тролаа ѕвездите на Покетино уште на теренот (Видео)

Објавено

на

Лориен ќе води грчевита борба за опстанок до крајот на сезоната, но барем за момент избегна од најопасната зона во Лига 1 откако вчера оствари сензационална победа против шампионот.

ПСЖ имаше водство од 1:2 до 80-та минута, но потоа во последните 10-тина минути прими два гола, што значеше дека Маурисио Покетино се соочи со првиот пораз откако ги презема „светците“.

Погодокот на Мофи во 91-та минута дефинитивно го шокираше аргентинскиот стручњак бидејќи тоа беше гол за пресврт од 3:2, но сепак огромно внимание предизвика и прославата на домашните фудбалери при израмнувањето.

Виса погоди за 2:2 во 80-та минута, а играчите на Лориен доста специфично уште на теренот го истролаа ѕвездите на ПСЖ, копирајќи ја прославата со која тие го провоцираа младиот Ерлиг Халанд по крајот на минатогодишниот натпревар во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни