Поврзете се со нас

Шпанија

Играчите на Барса дури три пати ја тресеа гредата на Димитриевски, па со два гола го решија Рајо (Видео)

Објавено

на

Барселона на доста посложен начин обезбеди пласман во четвртфиналето на Копа дел Реј, откако на вечерашното гостување во Мадрид уништи безброј шанси за гол, па мораше да се поправи откако прими погодок за негатива од Рајо Валјекано.

Френки Де Јонг, Рики Пуч и Лионел Меси ја погодија гредата на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, но откако не успеаја да го совладаат нашиот чувар кој имаше и доста среќа, Рајо Валјекано поведе со 1:0 при една контра.

Фран Гарсија погоди во 63-та минута и ги стави во непријатна ситуација избраниците на Роналд Куман, кои сепак во продолжение се освестија навреме и успеаја да реагираат со два гола.

По една одлична тимска акција, Меси имаше лесна задача и лесно ја затресе празната мрежа по додавањето на Димитриевски за 1:1, а по една слична ситуација, Барса направи пресврт и погоди за 1:2, а овојпат беше стрелец Де Јонг.

На овој начин, Барса успеа да се извлече од продолжение и дополнителни 30 минути игра, со што заштедува и сили за предизвиците кои следат во домашното првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни