Поврзете се со нас

Германија

Играчите на Ајнтрахт се синоним за „џелати“: Алкантара избегна тешка повреда на вратот, Кимих доби крампони во глава(Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен си закажа финална куп пресметка против Баер Леверкузен, откако изминатава вечер доста потешко од очекувањата го скрши отпорот на Ајнтрахт Франкфурт.

Гостите од Франкфурт се покажаа како цврст орев и одговорија на почетниот погодок на Перишиќ од првиот дел, а до 74-та минута имаа резултат кој им обезбедуваше продолженија.

Сепак, Роберт Левандовски одново беше на вистинско место во вистинско време и погоди за 2:1, па откако со тој резутлат се влезе во судиското надополнување, видовме еден момент која навистина не беше потребен.

Нервозниот Хингерегер изрежира еден навистина неспортски потег, а голема среќа е што Тиаго Алкантара не заработи некоја посериозна повреда.

Дефанзивецот на Ајнтрахт намерно го турна офанзивниот играч за врска и го внесе во рекламното пано, но за среќа, Алкантара мина без незгодна повреда и покрај тоа што удри директно со вратот во електронската ограда.

Претходно, при една несреќна ситуација во која учествуваше Кор, Џошуа Кимих настрада откако доби белег од крампони на главата, но сепак пролеаната крв не го сопре во намерата да го доигра мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни