Поврзете се со нас

НБА

Играч на Јута го крена гласот и му одговори на Хауард: Лесно е да се збори од палатата вредна 20 милиони долари!

Објавено

на

Кајри Ирвинг и Двајт Хауард се презентираа  како најголеми поборници на рестарот на НБА лигата, јасно укажувајќи дека Америка треба да обрне повеќе внимание на решавањето на проблемот со расизмот, отколку доигрувањето на сезоната.

Коронавирусот падна во втор план во Соединетите Американски држави и бруталното убиство кое беше направено на расна основа предизвика вистински хаос на улиците, а истото ги активираше и НБА ѕвездите кои се згрозија од фактот што се уште постои таква нетрпеливост во 21-от век.

Во ситуацијата кога се чека доигрување на најсилната кошаркарска лига во светот, ѕвези како Кајри и Двајт порачаа дека треба да се бојкотира сезоната, нешто со што не се согласува играот на Јута Џез, Ед Дејвис

– Лесно е за човек како Кајри дека ќе направи се за социјалната реформа во општеството. Лесно е и за Двајт Хауард да вели дека нема потреба да играме од неговата палата во Атланта вредна 20 милиони долари, – вели Дејвис и додава.

– Треба да знаат дека има и играчи во НБА ростерите на кои им се потребни парите за да продолжат понатаму и да се погрижат за семејствата кои се околу нив, – нагласи играчот на „џезерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни