Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ се почести со моќен подарок вреден 500 илјади евра (Фото)

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ нема да може да им помогне на своите соиграчи на денот кога го слави својот 40-ти роденден, но тоа не го онерасположува Швеѓанецот кој по повод убавиот јубилеј, реши да се почести како што доликува.

Искусниот напаѓач е познат како голем вљубеник во спортските и супер брзи автомобили, па откако пред две години се почести со Ферари Монца, денеска самиот откри дека се почестил со нов скап подарок за својот 40-ти роденден.

Ибра ја збогати својата лични гаража со Ферари СФ90 Страдале, автомобил кој располага со 1000 коњски сили, има зафатнина на моторот од 3990 кубни сантиметри и чија максимална брзина е 340 километри на час.

„Скромната сума“ за овој ѕвер започнува од 430 илјади евра, но италијанските медиуми откриваа дека Ибра купил Ферари со дополнителна опрема и неговото чини најмалку 500 илјади евра.

Ваквите подароци се претворија во навика на Златан во последните неколку години, бидејќи лани за 39-то роденден, си купи Порше 911 Тарга.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни