Поврзете се со нас

Свет

Ибра направи конечен избор на вечната тема „Меси или Роналдо“ и откри кој клуб му го препорачал на Мбапе

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ никого не остава рамнодушен кога прави ексклузивно интервју за некој од реномираните италијанските медиуми, а така е и овојпат кога седна на маса со еден од уредниците на „Кориерер дела Сера“.

Искусниот Швеѓанец прави разлика на фудбалскиот терен и во петтата деценија во животот и планот е да остане уште една цела сезона во Милан, па како активен член од сите возбудливи случувања во фудбалот, ја коментираше и церемонијата која се одржа во Париз, а на која Лионел Меси по седми пат ја освои „Златната топка“.

Во споменатото интервју, Ибра прави конечен избор на вечната тема „Меси или Роналдо“ и му дава предност на Лео, иако потенцира дека за него најдобар играч на сите времиња е Бразилецот Роналдо Назарио.

– Меси или Роналдо? Ќе кажам Меси, игравме заедно и имавме навистина одличен професионален однос. Сепак, ако бидам реален, оваа година „Златната топка“ ја заслужи Роберт Левандовски. Ако ме прашувате мене, најдобар во историјата е Роналдо Назарио, секогаш сум ги копирал неговите потези како дете, – открива Ибра кој напоменува дека му предложил и клуб во кој треба да се пресели на Килијан Мбапе.

– Го советував Мбапе да замине во Реал Мадрид и тоа е жива вистина. Потребна му е атмосфера со сигурен проект, клуб со структура како Реал Мадрид. Сепак, покрај мојот совет до Мбапе, подоцна му порачав на претседателот на ПСЖ да не го продава, – обелоденува Златан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни