Поврзете се со нас

Формула 1

Хулкенберг за лудото сценарио во Формула 1: Ова е надреално

Објавено

на

По вчерашните непосакувани вести од Британија, односно позитивниот корона тест на Серхио Перез, одговорните луѓе на Рејсинг Поинт успеаја да изреагираат со брзина на светлината, па во рекорден рок донесона во Силверстон адекватна замена зад воланот.

Мексиканецот нема да може да се трка претстојниов викенд на трката за Големата награда на Британија, но затоа тоа ќе го прави добро познато лице кое до неодамна беше дел од „најбрзиот циркус“. Несекојдневниот сплет на околности посака Нико Хулкенберг да се врати во Формула 1, па денеска беше дел од петочните тренинзи кои се прво загревање за него пред утрешните квалификации и неделната трка.

– Последниве 24 часа беа посебни, луди и диви. Во четвртокот попладне добив повик и долетав тука. Во два наутро пристигнав, а во осум веќе бев на симулатор. Тоа беа подготовките, ноќта беше кратка, но вредеше.

– Тимот направи огормен напор, сакам да им се заблагодарам за работата во ноќна смена и што ми обезбедија комфорен влез во болидот. Исто така, благодарност и до ФИА за лиценцата која брзо ја испорачаа.

– Флрен сум во ладна вода, но телото тоа ќе го почувствува утре и задутре. Ова е голем предизвик, но не се плашам од него. Бев во Нирбургринг поради друг проект, а сега сум тука. Околностите се надреални, но предизвикот е добар и голем за мене, – изјави Хулкенберг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни