Поврзете се со нас

Македонија

Хорват за трансферот во Металург: Одлуката не беше лесна, но се најдов во нивниот проект

Објавено

на

Златко Хорват ги изненади ракометните фанови со трансферот во редовите на скопски Металург, откако неговата цела досегашна кариера беше поврзана со ППД Загреб.

„Загрепскиот Тоти“ како што го нарекуваа хрватските медиуми во својата прва изјава по потврдениот трансфер вели дека одлуката не била лесна, но смета дека била најдобро решение во овој период.

– Беше тешко да се донесе ваква одлука. Водев преговори со ППД Загреб, но тогаш на сцена стапи короната и финансиите станаа проблем.

– Сакав да пробам нешто ново и тогаш дојде понудата од Македонија, се најдов во нивниот проект и потпишав едногодишен договор со Металург, – изјавил Хорват.

– Драго ми е што Вори ќе го предводи Загреб, жалам што нема да соработуваме како некогаш на теренот, но тој е одличен избор на клубот, – дополнил новиот играч на Металург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни