Поврзете се со нас

Англија

Хендерсон најави дека ќе ја посвети титулата не еден човек: Никој не може да го замени…

Објавено

на

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон даде изјава за шампионската титула која цели 30 години се чекаше во клубот од „Енфилд“.

Хендерсон ќе ја има честа да биде првиот капитен по три децении кој ќе го крене трофејот кој толкму многу се чекаше во градот на Битлски.

Искусниот фудбалер од средината на теренот истакна дека оваа титула ќе биде посветена и на легендарните Стивен Џерард и Кени Далглиш.

Џерард долго време беше капитен на Ливепрул, но не успеа да го подигне трофејот, додека Далглиш беше менаџерот кој го водеше клубот кога последен пат беше освоена Премиер лигата.

Интересно е тоа што токму Кени беше на клупата на Ливерпул кога Хендерсон дојде на „Енфилд“.

– Го Кажав ова кога прв пат ја презедов капитенската лента, кога луѓето с есомневаа во мене и ме критикуваа како личност. Кажав и пак ќе кажам, никој не може да го замени Стивен Џерард во овој клуб, без оглед на тоа кој е капитен и што ќе освои тимот под негово водство.

– Оваа титула не е само за нас играчите и за фановите. Оваа титула е и за играчи како Стивен Џерард и Кени Далглиш кои значат толку многу за овој клуб. Знам колку многу му значи на Стиви освојувањето на Премиер лигата..

– Разочарувачки беше што во 2014 година не стигнавме до неа, но знам дека е многу среќе и горд на овој тим кој го донесе трофејот од Премиер лигата во Ливерпул, -изјави Хендерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни