Поврзете се со нас

НБА

Харден ја реши драмата во Филаделфија, Денвер остана со празни раце и покрај лудата партија на Јокиќ (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Феникс Санс ја добија и втората битка против Денвер Нагетс што се одигра во Аризона и на тој начин изедначија на 2-2 во полуфиналната серија на Западот.

Во уште еден ефикасен меч „сонцата“ триумфираа со 129-124 и со далеку поголема самодоверба ќе го дочекаат следото соочување во Колорадо закажано за 10 мај. Гостите го имаа неверојатниот Јокиќ кој имаше луда партија со 53 поени и 11 скока, но од друга страна пак Феникс ги имаше Букер и Дурент кои реализираа дабл-дабл учиноци со +30 поени.

Букер имаше 36 поени со 12 асистенции, Кеј-Ди 36 поени и 11 скокови, а не треба да се заборави ниту придонесот од клупата на Шемет со 19 кошеви.

Реми од 2-2 по четири битки имаме и меѓу Филаделфија Севентисиксерс и Бостон Селтикс. По една драма која беше заокружена со продолжение „76-ките“ славеа со 116-115 и тоа во средба во која клучната тројка ја даде Харден.

„Брадата“ беше автор на 42 поени со 8 скока и 9 асистенции, најголема поддршка му беше Ембид со 34 поени и 13 скока.

Шест играчи кај противникот беа двоцифрени, ама оваа тимска игра не се покажа како доволна за славје што значи дека во оваа серија не очекуваат уште најмалку две битки, а воопшто нема да биде изненадување ако видиме и „мајсторка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни