Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ханси Флик го има решението за ПСЖ: Знаеме дека во ростерот имаат…

Објавено

на

Во недела во 21 часот како што стојат работите ќе бидеме сведоци на едно спектакуларно финале во Лигата на шампионите.

На мегдан во Лисабон ќе се најдат два супер офанзивни тима кои веројатно ќе понудат атомски фудбал.

По вчерашната победа против Лион и пласманот во финалето, краток коментар за таа средба даде и тренерот на Баерн Минхен, Ханс Дитер Флик.

Флик знае од каде доаѓа опасноста и најави дека добро ќе го подготви тимот за овој клучен натпревар од сезоната.

– Парижаните имаат супер тим. Заслужено се пласираа во полуфиналето, а потоа и во финалето.

– Треба да анализираме низа детаљи, но веќе знаеме дека во ростерот имаат многу брзи играчи. Ќе се обидеме што подобро да ја организираме нашата одбранбена игра.

– Нашата главна сила е способноста на наметнување на силен притисок на противникот и така ќе биде и во недела, -заклучи Флик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни