Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон и Леклер добија дисквалификација од ФИА поради нерегуларности во Тексас

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Луис Хамилтон беше одличен на трката во Остин и беше единствена закана за Макс Ферстапен, но добрата трка на крајот донесе разочарувачки вести за Мерцедес неколку часа по крајот, а истото се случи и со Ферари.

ФИА утврди нерегуларности кај Луис Хамилтон и Шарл Леклер и ги дисквалификуваше возачите на Мерцедес и Ферари, а причина за тоа е неправилното растојание на централната плоча која се наоѓа на долниот дел од болидите.

Непочитувањето на стриктното правило заврши со одземен пласман и фисквалификаците од трката во Тексас, која по одлуката на ФИА доби целосно друг распоред во првите десет.

Ландо Норис сега е втор, Карлос Саинц го зазема последното место на пиедесталот, додека Серхио Перез ја завршува трката како четврти и сега ја зголеми предноста пред Хамилтон во генералниот пласман.

По скок од едно место направија и Расел, Гасли, Строл, Цунода и Албон, а првпат бод во кариерата освои и Сарџент кој сега ја заврши трката како 10-ти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни