Поврзете се со нас

Балкан

Халилхоџиќ за Адеми: Неговиот карактер е реткост во денешниот фудбал

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и сезонава имаше неколку паузи поради повреди, но со секој настап за Динамо покажува дека хрватскиот клуб нема алтернатива за неговите универзални квалитети.

На последното дерби со Ријека, капитенот Адеми го постигна голот за победа во завршницата, а според многумина овој погодок може да биде решавачки и во битката за титулата во хрватското првенство.

Адеми сега доби сериозни комплименти и од својот поранешен тренер, Вахид Халилхоџиќ, кој се обидел да објасни во што е разликата на Аријан со другите играчи.

– Во тој период, Адеми беше младо, симпатично момче, со кое беше задоволство да се работи. Беше омилен меѓу фудбалерите и драго ми е што израсна во лидер на генерацијата и човек кој носи позитивен импулс за помладите колеги. Динамо со него во составот е неприкосновен.

– Тој доаѓа од добро ситуирана фамилија и не е опседнат со пари, нешто што е реткост меѓу фудбалерите.

– Не се бавеше со такви работи и му остана верен на Динамо, се работи за играч со голем волумен, многу е важен и во играта во одбрана и многу е дисциплиниран. Да постигнуваше по некој гол од 20-25 метри ќе беше фудбалер од светска класа, – изјавил Халилхоџиќ

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни