Поврзете се со нас

Свет

Халилхоџиќ: Ни би го повикал Зијеш и да е Меси

Објавено

на

Селекцијата на Мароко не успеа да ја оствари посакуваната цел и да дојде до самата завршница на Купот на африканските нации, па поради тоа на мета на критики е селекторот Вахид Халилхоџиќ кој реши за овој турнир да не смета на неколку важни играчи меѓу кои и можеби најголемата ѕвезда Хаким Зијеш.

Искусниот стратег реши да ја „избрише“ фудбалерот на Челси и нема намера да ја промени таа негова одлука со оглед на тоа што како што стојат работите најверојанот ќе остане на сегашнта функција до мундијалскиот бараж.

-Тој не е фудбалер кој би можел да ја спаси оваа репрезентација. Не можам да повикам некој што ќе го уништи целиот тим, дури и ако е Лионел Меси. Вие сакате некого да молам да игра за репрезентација? Постои дух на заедништво и сакам да го задржам. Веќе двапати му простив некои работи, третиот пат не.

-И мене не ми е лесно, но сите мора да го почитуваат селекторот и репрезентацијата. Дидие Дешамп стана светски првак, иако не ги повикуваше своите најдобри играчи. Јас не сум првиот што тоа го направил, -порача Халилхоџиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни