Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола „удри“ по Арсенал: Го почитувам она што го прават на терен, но надвор од него…

Објавено

на

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по натпреварот против Арсенал упати сериозни критики на сметка на овој клуб.

„Топчиите“ го елиминираа Сити во полуфиналето од ФА Купот и закажаа финале со Челси, а Гвардиола по тој натпревар буквално си ја отвори душата.

– Секој ривал секогаш ќе ја има мојата почит. Истото важи и за Арсенал. Многу го ценам она што го прават на теренот, но нималку не го ценам тоа што го прават надвор од него, ниту она кое го користат, -изјави Гвардиола.

Шпанецот според англиските медиуми алудирал на два случаи за кои раководството на Арсенал не постапило на спортски начин.

Прво е тоа што од Арсенал лобирале кај повеќето премиерлигашки клубови да испратат забелешка за казната од УЕФА да им биде задржана и „граѓаните“ да не настапуваат во Европа следните две години.

Втора работа на која алудирал Пеп е начинот на кој бил договорен Артета кој сега е тренер на клубот.

Арсенал прво се договорил со тренерот, а дури потоа стапил во контакт со Манчестер Сити кој немал време да ангажира негов наследник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни