Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола со комплименти за свој колега: Тој е еден од ретките од кои постојано учам

Објавено

на

Манчестер Сити создаде солидна предност во однос на ривалите во Премиер лигата, но Пеп Гвардиола очекува тежок период во кој неговиот тим мора да го задржи нивото ако сака да стигне до посакуваните цели.

Во пресрет на големото дерби со Челси, Гвардиола испратил посебни комплименти на адреса на својот колега Томас Тухел.

– Тој е толку креативен.

– Се работи за еден од ретките менаџери од кои учам постојано за да бидам уште подобар. Тухел е одличен во сите сегменти.

– Уживам уште откако ги водеше Мајнц и Борусија Дортмунд, секогаш уживам во натпреварите на неговите екипи. Тухел го прави фудбалот подобар.

– Мислам дека не му се допадна начинот на кој неговиот тим го одигра последниот меѓусебен дуел и сигурно ќе направи промени. Фудбалот е постојана еволуција, а ние утре играме против европскиот шампион, – изјавил Гвардиола.

Сити утре го пречекува Челси од 13:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни