Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола: Никој не ми верува кога кажувам што мислам за Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола се навикна да игра против Реал Мадрид на најголема фудбалска сцена, а неговите тимови секогаш нудат гарантиран спектакл во дуелите со „кралевите“.

Шпанскиот стручњак отсекогаш го имал Реал за свој најголем ривал, но и покрај тоа што повремено знае да испрати „отровни стрели“, тврди дека максимално го почитува клубот од шпанската престолнина.

– Секогаш има големи натпревари кога игра Реал Мадрид и секогаш ќе биде така. Тоа што го направивме на првиот меч, нема да важи за вториот. Мора да бидеме подобри од првиот меч на „Бернабеу“. Ги анализиравме работите и со играчите утврдивме дека мора да бидеме подобри на домашен терен, – изјави Гвардиола за првиот натпревар кој заврши 3:3.

– Реал никогаш не се откажува, никогаш не смеете да го отпишете. Мора да покажеме карактер и желба за успех, само така можеме да ги победиме. Ако не се појавиме со таков став на теренот, нема што да бараме против Реал.

– Многу го почитувам Реал. Кога делам убави зборови и комплименти, го правам тоа бидејќи навистина го мислам тоа за Реал. Ме прашувате што мислам, јас го споделувам тоа, но никој не ми верува. Секогаш сум имал неизмерна почит за Реал и очекувам мојот тим да биде подобар утре. Ако не биде така и ако тие победат, веднаш ќе одам до противничкиот табор и ќе им честитам, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни