Поврзете се со нас

Шпанија

Гути предвиде како ќе изгледа стартната постава на Реал со Мбапе во почетните 11 (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/guty14haz

Хосе Марија Гути на крајот од минатата сезона потенцираше дека Винисиус Жуниор е во подобра форма од Килијан Мбапе и дека Французинот не треба да биде ангажиран како левокрилен напаѓач, но откако ситуацијата драстично се промени со заминувањето на Карим Бензема, поранешниот капитен на „кралевите“ има друга идеја.

Бензема реши да стави крај на својата незаборавна етапа на „Сантијаго Бернабеу“ и остави празно место во нападот на Реал, па иако Флорентино Перез веќе го доведе Хоселу, според многумина тоа не е доволно добро засилување за офанзивата.

Тоа мислење го дели и Гути, кој верува дека Флорентино Перез треба да тргне по Мбапе и да го донесе како „бомбастично“ засилување во нападот, особено ако ПСЖ навистина слуша понуди за него ова лето.

Како гостин во „Чирингито“, Гути реши да долови како би изгледал стартниот тим на Реал со Мбапе во почетните 11, од кои реши да го извади Бразилецот Родриго, но и Модриќ.

Куртоа, Карвахал, Милитао, Ридигер, Алаба, Камавинга, Крос, Валверде, Белингам, Винисиус и Мбапе, со тоа што Килијан би играл на десната напаѓачка страна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни